Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Прес! Нацева, Дибирова и Човиќ: Настапот на турнирот во ВРХЛ лига ќе ни биде подготовка за Будимпешта

Прес! Нацева, Дибирова и Човиќ: Настапот на турнирот во ВРХЛ лига ќе ни биде подготовка за Будимпешта

Црвено-црните девојки ќе бидат следните два дена домаќини на последниот турнир во Регионалната ВРХЛ лига. Тие мечеви треба да бидат и подготовка за уште поважните мечеви кој не очекуваат во Будимпешта каде ќе атакуваме на “европско злато“. По тој повод на денешната прес-конференција Нацева, Дибирова и Човиќ  изнесоа свое мислење за она што ги очекува како учесници и домаќини на овој турнир следните два дена во спортскиот центар “Јане Сандански“.

Гордана Нацева >Во името на нашиот клуб сакам да го изразам задоволството што сме домаќини на овој Ф4 турнир во ВРХЛ лигата. Да им посакам добредојде на сите екипи, да се чувствуваат пријатно, и покрај добрите натпревари да уживаат во она што го нуди градот. Сместени се во хотелот што е склоп на нашиот спортски комплекс и ќе може да уживате во сите благодети.
Имаме три европски прваци во различни периоди на постоењето на ЛШ, и две екипи се сега на Ф4 турирот во ЛШ. Тоа говори колку е силен Балканот во ракометот. Се надевам дека наредната година оваа лига ќе биде уште посилна. Нашите национални првенства се послаби, не само ние туку и кај другите. Нас овие натпревари ни користат и посебно во овој период пред настап на Ф4 во Будимпешта.

Ирина Дибирова>Оваа регионална лига има свое високо ниво и Подравка свој квалитет. Подравка секогаш беше силен тим, и досега двапати ги победивме во ВРХЛ. Ние сепак без оглед на тие победи одиме напред и сакаме да се пласираме во финалето на Ф4 и да победиме. Важен е и трофејот од оваа ВРХЛ лига и победата, но важно е и како подготовка за Ф4 во Будимпешта.

Андреа Човиќ >Драго ми е што се одржува овој Ф4 во Скопје, бидејќи немаме силни натпревари како подготовка за Будимпешта. Подравка е подмладена, но сметам дека сме подобри, нема да ги потцениме и очекувам победа.