Денес е финален ден во ракометната Јуниор лига, во спортскиот центар “Јане Сандански“ во две сали се одигруваат финалните дуели. Во големата сала се играат мечевите за прво место, а во малата за третата позиција. Веќе се одиграа два дуела, по еден во двете сали и се познати победниците од истите.
Во големата сала од 13-00 часот во финалето се сретнаа Академија 1 и Кастратовиќ Вардар 2002, ова беше дуел во генерација 2002/2003. Во ова прво женско финале со пресврт во вториот дел до победа дојде Академија -1 иако на полувремето беше во негатива. Први со гол мечот го отворија девојките на Кастратовиќ, а веќе во следната акција Академија-1 изедначи. Се играше изедначено гол за гол на двете страни се до резулатот 4-4, двете екипи беа рамноправни на теренот. Следуваше серија 3-0 по која Кастратовиќ поведен со 7-4. Академија се обиде да го намали водството до крајот на првиот дел и успеја, сепак на одмор се замина со предност 9-8 за Кастратовиќ.
Вториот дел девојките на Академија-1 го почнаа фуриозно со серија 7-1 го превземаа водството и поведоа со 10-15 што беше клучен исчекор кон златото во оваа категорија. Кастратовиќ 2002 постигна еден гол и ја намали разликата на 15-11, сепак немаше сили кај нив за пресврт и беа “потопени„ со нова серија 5-1 за конечни 20-12. Кај победниците прв стрелец беше Крстевска со 8 гола, потоа следуваше Илиовска и Ангеловска со 5 гола. Кај поразениот тим Крстевска имаше 5 погодоци.
Во малата сала требаше да се игра дуелот за третото место помеѓу Академија 2 и Ново Лисиче Вардар во женска конкуренција за девојки родени 2004 година и 2005 година. Овде “бронзата“ му припадна на тимот на Ново Лисиче Вардар со службени 10-0 бидејќи нивниот противник немаше доволно играчи за да го одигра овој меч за третттото место.