Женскиот состав на Вардар веќе десет дена се наоѓа на подготовки во Словенија. Иако во некомплетен состав поради отсуството на оние што играат на Олимпијадата во Рио, планирани се и натпревари на турнир во Љубљана од 19 до 21 август. Во видеото прилогот на “Вардар ТВ“ ќе може да погледнете изјави за подготовките од Индира Кастратовиќ, Андреа Лекиќ, Андреа Пенезиќ и Тамара Мaвсар.
