Девојките на ЖРК Вардар, рано наутро поточно околу 03.00 часот од Спортскиот центар “Јане Сандански“ се упатија кон Скопскиот аеродром (фото). Со тоа започна нивното патување за гостинскиот дуел со Јуро Унирек.
Вардарки од Скопје летаа за Виена, тами сменија авион и со друг лет се упатија за Холандија. Девојките веќе пристигнаа во земјата на лалињата.
Црвено-црните во сабота ги очекува реванш дуел од 3.коло во „Европскиот куп“ против екипата на Јуро Унирек. Натпреварот се игра во 16-00 часот.