Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Продолжува победничката серија за вардарки, поразен Спартак со висока разлика
Продолжува победничката серија за вардарки, поразен Спартак со висока разлика

Продолжува победничката серија за вардарки, поразен Спартак со висока разлика

Ракометарките на Вардар стигнаа до својата седма последователна победа, откако денес славеа на натпреварот со екипата на Спартак. Избраничките на Царчев немаа никакви проблеми околу победата која беше изразена со резултат 37:16.

Екипата на Спартак само во воведните минути успеа да го израмни резултатот на 1:1, по што следеше серија на вардарки од 14:0 за да поведат со 15:1 и веќе да биде познато кој ќе ги освои бодовите од овој нерамноправен натпревар кој се одигра во спортската сала во „Круме Кепески“. До крајот на првиот дел се играше гол за гол, па така на одмор се замина со резултат 21:7.

Тренерот Александар Царчев им даде шанса за настап на сите ракометарки, кои успеаа да се запишат во листата на стрелци, освен голманите. На стартот на вториот дел, екипата на Спартак направи серија од 0:3 и намали на 21:1о, но нашиот состав врати со четири последователни голови за нова висока предност од 25:10. До крајот на натпреварот се беше рутина за Вардар, кој и после седум одиграни кола остана единствениот тим во групата А со максимален број на освоени бодови.

Најефикасна кај Вардар беше Сара Миновска со 7 голови, додека Бојана Диневска имаше 5. Ивона Трпевска постигна 4, додека по 3 имаа Јана Равојска, Нина Попова, Сара Стефаноска, Борјана Коцева и Бојана Радевска. Во листата на стрелци се запишаа уште и Сара Стојанова и Ивана Џатевска со 2 гола, додека по 1 имаа Магдалена Тошевска и Наталија Максимовска.

На голот, Вероника Ѓорѓиевска имаше 7 одбрани, Јована Трајкоска 4, додека Марија Галачева запиша 2 интервенции.