Пионерките на ракометниот клуб Вардар, стигнаа до нова вкупно трета последователна победа во рамките на пионерската лига од групата 2. Избраничките на Ристова и Пецевска без поголеми проблеми славеа на гостувањето во Прилеп, против екипата на Макалоски. Конечниот резултат гласеше 9:26 за црвено-црните.
Уште од самиот старт наметнавме силно темпо на игра и имавме предност од 0:2 и 1:4. Со неколку мини серии до полувреме успеваме да стигнеме и до двоцифрена предност. При резултат 3:5 постигнуваме четири последователни голови и се одлепуваме на предност од 3:9. За момент домашната екипа намали на 5:9, но следеше нова серија на погодоци за Вардарки, со што на одмор се заминува со двоцифрена предност за Вардар од 5:15. Веќе беше јасно дека ќе ги освоиме бодовите од овој меч и ќе ја продолжиме победничката серија.
Вториот дел започна со гол на РК Макалоски, но Вардарки одговараат со серија од 0:4 за веќе убедливи 6:19. До крајот на натпреварот му дозволивме на противникот да постигне само 3 голови, наспроти нас кои ја полневме нивната мрежа. Ова беше прв пораз за тимот на Макалоски. Најефикасни во нашиот состав беа Андреа Седлоска и Јана Донева кои постигнаа по 4 голови.
До крајот на првиот дел од сезоната остануваат уште две кола за одигрување. Во следното коло на домашен терен ја пречекуваме екипата на Преспа Нова.
Вардар:Трајковска, Гроздановска, Арсовска, Дамјановска 1, Гонзалес 2, Ѓорѓиовска 3, Донева 4, Петковска 3, Грујовска, Софтовска 1, Насковска 1, Костовиќ 3, Миновска 1, Седлоска 4, Јаковчевска 2, Галевска 2