Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Активни Вардаровите ракометарки на првиот контролен меч на Македонија и Србија
Активни Вардаровите ракометарки на првиот контролен меч на Македонија и Србија

Активни Вардаровите ракометарки на првиот контролен меч на Македонија и Србија

Првиот од двата контролни натпревари на Македонија и Србија му припадна на нашиот северен сосед, кој славеше во спортската сала во населбата Автокоманда со резултат 29:35. Двата дуела се затворени за јавноста.

ЕХФ неделата, нашата репрезентација ја искористи да одигра контролни натпревари со Србија. По првото полувреме, гостинската селекција имаше водство од 16:18. За одбележување е враќањето во составот на Србија по две години на Сања Дамњановиќ, додека поради повреда на овие мечеви нема да настапи уште еден повратник, се работи за Андреа Лекиќ.

Во составот на Македонија за овие контролни дуели има 11 ракометарки од Вардар. Сара Ристовска постигна 6 голови, додека 5 беа дело на Теодора Керамитчиева. Капитенот на Вардар СЦЈС, Маја Трпковска постигна 4 голови. Голманката на црвено-црните, Љупка Белмезова имаше две одбрани. Денес двете репрезентации ќе одиграат уште еден натпревар и тоа во малата сала на С.Ц. Јане Сандански од 12 часот.