Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар го освои пехарот на „Винко Кандија“, сите три индивидуални награди припаднаа на вардарки

Вардар го освои пехарот на „Винко Кандија“, сите три индивидуални награди припаднаа на вардарки

Девојките на Индира Кастратовиќ остварија  три победи во исто толку мечеви на меѓународниот турнир во Љубљана. Тие со  последната против домаќинот на турнирот Крим,  го освоија турнирот „Винко Кандија” и се закитија со првиот пехар во новата натпреварувачка сезона 2016/2017 .

Во  овој  натпревар со домаќинките Крим вардарки триумфираа на крајот со резултат 30:25, притоа  најавувајќи дека иако е почеток на сезоната, а воедно настапуваат без   седум играчи  кои фалат во моментов во тимот  тие најавија дека се силна  екипа која бессомнено ќе игра голема улога во овогодинешната ЕХФ Лигата на шампионките. На последниот трет меч со Крим веќе од  самиот почеток тргнавме фуриозно, направиме  серијата од 5-0, која  навести дека  во овој меч ќе се прашуваме само ние.   Разлика ја одржувавме во поголем дел од првото полувреме. Во второто полувреме игравме рутински, на моменти идевме над оваа разлика од “плус пет“, но ниту еднаш не дозволивме да биде загрозена истата. Однесовме победа на дуелот со пет гола предност односно со резултат 30-25.Сепак тоа не беше единствен трофеј кој го освоија девојките, црвено-црните  ги освои и сите индивидуални награди на турнирот. За МВП играч е прогласена Андреа Пенезиќ, најдобар голман е Ина Суслина, додека најдобар стрелец е Тамара Мавсар кој постигна вкупно 22 гола на трите натпревари односно во просек 7,33 по меч.
ВАРДАР: Суслина, Петковска, Мавсар 7, Дамњановиќ 3, Лазовиќ 4, Атлтхаус 2, Илина, Пенезиќ 6, Човиќ 3, Ихнева, Хмирова 2, Ристовска 3.