Пионерките на ракометниот клуб Вардар ја забележаа првата победа во новата сезона во својата група. Избраничките на Драгана Рисова Пецевска беа поуспешни од екипата на Овче Поле со резултат 26:9.
Црвено-црните одлично го започнаа натпреварот со водство од 4:0. Оваа разлика ја одржувавме до средината на првото полувреме, кога успеавме со два последователни голови да зголемиме на 9:3. Како одминуваше натпреварот игравме се подобро, зголемувајќи ја постојано предноста. На полувреме се замина со резултат од 14:6.
На брзина во вториот дел сигнавме и до двосифрена предност од 16:6. Во следните неколку минути имавме можност да видиме серија на двете екипи од по два гола. Сепак Вардар беше тимот кој го контролираше резултатот и играше колку што беше потребно. Конечниот резултат беше реален исхох, од она што имавме можност да го видиме на теренот.
Најефикасни во составот на Вардар беа Андреа Седлоска со 5 и Марија Галевска со 4 постигнати голови.
Вардар: Трајкоска, Гроздановска 1, Галевска 4, Лазаревска, Арсовска 1, Цветановска, Миновска 1, Наскоска 2, Ѓорѓиевска 2, Станчева, Донева 3, Петковска 2, Костовиќ 2, Дамјановска 1, Седлоска 5, Крстевска 2.