Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар со прва победа, убедливо совладана екипата на Овче Поле
ЖРК Вардар со прва победа, убедливо совладана екипата на Овче Поле

ЖРК Вардар со прва победа, убедливо совладана екипата на Овче Поле

Прва победа за младиот состав на ЖРК Вардар во новата натпреварувачка сезона од Супер-лигата. Избраничките на Симовски и Ристова беа и повеќе од убедливи на гостувањето во Свети Николе, совладувајќи ја екипата на Овче Поле, со конечен резултат од 6:42.

Самиот резултат говори за случувањата на теренот, а по првото полувреме, домашниот тим успеа да постигне само два гола. Првиот погодок го постигнаа на средината на првото полувреме, откако Вардар направи серија од 0:11. По истекот на првите 30 минути, ја осигуравме победата, кога имавме предност од 2:19. Во вториот дел постигнавме повеќе погодоци, за прв триумф во новата сезона за оваа млада екипата на Вардар, која е голема перспектива.

Најдобар стрелец беше крилото Бојана Диневска која постигна 9 голови. Во листата на стрелци се запишаа уште и Кети Ангеловска и Мирјана Петковска кои постигнаа по 7, Андреа Седлоска, Ива Јаковчевска беше стрелец на 5 голови, додека Сара Миновска постигна 4 голови. Ана Марија Божиновска постигна 2, додека по 1 дадоа Катерина Дамјановска, Ангела Гроздановска, Ана Марија Коларовска и Стефанија Ѓорѓиевска. На голот одлични беа Симона Грујовоска која запиша 9 одбрани, додека Андреа Илиќ имаше 7 успешни интервенции.

Во следното коло е закажано дербито со екипата на Металург, кое ќе се одигра во С.Ц. Јане Сандански.