Вардар не успеа да победи во финалето и по две продолженија загуби од екипата на Ѓер. Натпреварот во регуларниот дел заврши без победник, па се приведе кон две продолженија од по пет минути. Во нив противникот на крај славеше со резултат 31:30. Судиската двојка од Данска имаше неколку сомнителни оддлуки, посебно во последниот напад кога му дозволи на Ѓер речиси една минута да ја држи топката. Радичевиќ истакна дека е горда на своите соиграчи, но дека судиите претерале со одлуката да го држат Ѓер до крај во последниот напад.
-Ова е голема штета. Се боревме до крај, но, срамота е Ѓер да има цела минута напад во последните мигови. Можеа да напаѓаат до утре, судиите нам немаше да ни дозволат да победат. Горда сум на моите соиграчи, жално е кога ќе загубите финале. Секогаш сум за спортот да победува, но, сега немам зборови. Тие водеа цело време, ние се боревме и жал ми е што навивачите не ги израдувавме, но, треба сите да бидеме горди.