Вардарки се наоѓаат во Данска, каде вечерва ќе го одиграат првиот четвртфинален натпревар во рамките на ЛШ. Противник е екипата на Митјиланд, против кој ќе се обидеме да стигнеме до ново учество на завршниот турнир во најголемото натпреварување. Вардар оваа сезона се надева дека може да стигне до посакуваната Европска титула, но најпрво треба да го елиминира тимот на Митјиланд. Десното крило, Јованка Радичевиќ се надева дека Вардар ќе одигра добро во одбраната и ќе ја спречи брзата игра на противникот, со што би си ја олесниле работата за остварување на позитивен резултат.
-Не очекува тежок натпревар. Митјиланд е екипа која игра максимално во текот на сите 60 минути, сепак добро е што реваншот го играме на домашен терен. Во Данска го играме само првото полувреме од овој двомеч, во кое мораме да бидеме максимално сконцентрирани. Мораме да одиграме добро во одбраната и на високо ниво, не смееме да правиме грешки, со кои тие би доаѓале до лесни голови. Тоа е начинот на кој тие функционираат и по што се препознатливи. Се надевам дека ќе го испочитуваме договореното и со добра одбрана ќе им помогнеме и на нашите голмани.