Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ВРХЛ: ЖРК Вардар е домаќин на четвртиот турнир
ВРХЛ: ЖРК Вардар е домаќин на четвртиот  турнир

ВРХЛ: ЖРК Вардар е домаќин на четвртиот турнир

Следи  нов предизвик за ЖРК Вардар, тоа е е четвртиот турнир од регионалната ВРХЛ лига што ќе се одржи на крајот од месецов во СЦ „Јане Сандански”. Од 27 до 29 март во Скопје ќе се играат натпреварите од лигата каде Вардар е бранител на трофејот. До крајот на лигата ќе треба да се одигра уште еден турнир, следниот месец.

Тимот предводен од Дибирова  е непоразен на шесте досегашни натпревари од регионалната ВРХЛ лига, на досегашните три одиграни турнири. На турнирот ќе играат и екипите на Будуќност од Подгорица и Крим Меркатор од Љубљана.

Вторник, 27 март, 15 часот:
Вардар – Крим (голема сала СЦ „Јане Сандански”)

Среда, 28 март, 11 часот:
Будуќност – Крим (голема сала СЦ „Јане Сандански”)

Четврток, 29 март, 15 часот:
Вардар – Будуќност (голема сала СЦ „Јане Сандански”)

Влезот за сите натпревари во СЦ „Јане Сандански” за ВРХЛ лигата е слободен.