Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > PЕМИ РАМНО НА ПОБЕДА, ХРАБРИОТ И ПОМЛАД ЖРК ВАРДАР ГО СОПРЕ ЛИДЕРОТ НА ТАБЕЛАТА МЕТАЛУРГ
PЕМИ РАМНО НА ПОБЕДА, ХРАБРИОТ И ПОМЛАД ЖРК ВАРДАР ГО СОПРЕ ЛИДЕРОТ НА ТАБЕЛАТА МЕТАЛУРГ

PЕМИ РАМНО НА ПОБЕДА, ХРАБРИОТ И ПОМЛАД ЖРК ВАРДАР ГО СОПРЕ ЛИДЕРОТ НА ТАБЕЛАТА МЕТАЛУРГ

Во големото дерби од Плеј-офот, лидерот на табелата ЖРК Металург гостуваше кај Вардар во “Јане Сандански“. Вардарки кој се помлади тим од ривалот влегоа во костец, од минута во минута се бореа, постојано изедначувајќи и поведувајќи по секоја серија на сино-белите. Дуелот забрши реми, но како победа бидејќи Вардар покажа дека може да се бори за секоја топка против секого. Имавме и шанса за победа, сепак на 24-24 колку што заврши мечот погододивме во гредата на неколку секунди пред финишот. Сите пофалби идат за тимот на Симовски, Ристова и Царчев на денешното дерби.

58380202_2043217205790033_1740899435052793856_n-2

По промашен напад на црвено-црните, противникот се закани, двојна одбрана имаше голманот Трајкоска. Поведовме преку Диневска Бојана која погоди за 1-0, потоа отидовме и на 3-1 со голот на Костовиќ Ангела. Металург успеа да ја анулира нашата предност и изедначи на 3-3. На средината од првиот дел на семафорот имаше резултатска симетрија 5-5. Сино-белите првпат поведоа во 18.минута кога постигнаа гол за 6-5, но веднаш по брза контра во истата минута Ивона Трпевска изедначи на 6-6. Следеше неефикасен период, по одбраната на Трајкоска, во напад погоди во нејзин стил Николиќ Милица за 7-6 со удар од 9.метри во 24.минута. Се играше постојано околу резултатската симетрија, голема борба и мала ефикасност, па во 28.минута на семафорот стоеше 8-8. Со гол на Седлоска од пенал успеавме со предност од 9-8 да заминеме на одмор.

57550551_2190809204342319_1934528913082417152_n-2

Вториот дел почна со гол на сино-белите и се беше повторно на почеток, реми на семафорот 9-9. Вардарки денес гинеа за секоја топка, се бореа против ривалот кој постојано се обидуваше да се одлепи. Успеавме да ја сопреме во одбраната, со атрактивниот лоб на Фани Ѓорѓиевска во 36.минута отидовме на плус два, 11-9. За жал повторно пад во нашата игра, противникот во 40.минута го презема водството поведувајчи со 13-14. Нашиот пикер Ивана Џатевска не дозволи да се одлепи ривалот, прими топка одлично “испилотира“ на работ од шестрецот и ефектно погоди за реми, 14-14. Отидовме во контра, специјалистот за одбрана Гроздановска Ангела погоди, потоа од позиционен напад уште еднаш за 16-14. Против нас имавме одличен ривал, кој успеа со два врзени голови да се врати на позитивни за 16-16. Во последните 10.минути влеговме со негатива 19-20 на семафорот. Промашивме во напад, Металург имаше контра за плус два, штотуку влезената Симона Грујовска повторно започна со одбрана типична за неа,со нога. Тоа го награди во напад Дамјановска Кате од пикер со гол за 20-20 на 7 и пол минути до крајот. За жал во напад не погодивме па добивме казна, резултатот беше 20-22 на нецели 5.минути до крајот. Сепак никој несмееше да ги отпише вардарки, тие тргнаа повторно храбро. Трпевска намалува на 21-22, се одбрануваме во офанзива Грујовска фрла прецизно до Трпевска која немилосредно изедначува на 22-22. Сите линии денес беа одлични, сите покажаа карактер. Влеговме во последните минути со 23-23, на голот Грујовска уште еднаш со нога одбранува тоа во атак го користи Гроздановска. Денес таа офанзивно одигра одлично, успеа да извади пенал по кој Седлоска погоди за 24-23. Во последните минути игравме без две ракометарки поради исклучување, сино-белите успеаа од пенал да изедначат. Мечот заврши 24-24 сепак во битка со лидерот, тим кој е составен од далеку поголеми ракометарки овај резултат е повеќе од успех.

На дербито победи колективниот дух на црвено-црниот тим, сите девојки се бореа и дадоа допринос. На овој дуел кај нас Јована Трајкоска успеа да дојде до 15 одбрани, Седлоска погоди 8 пати, крилата Мими Петковска и Ивона Трпевска стрелаа по три пати успешно. Четири одбрани в клучни моменти имаше Грујовска Симона.