Изминатиот викед, ЖРК Вардар се пласираше на завршницата во Купот (Ф-4), утре го има својот прв дуел во лигата. Предводникот на тимот успеа да ја хомогенизира екипата која претрпе кадровски измени на почетокот од сезоната. Екипата е подготвена според нејзината визија на високо ниво, тактички, технички и физички. Во продолжение краток разговор со Ристова Драгана, пред утрешното прво пролетно коло во женската Супер лига кога ја пречекуваме екипата на Стружанка.
*Нашиот предводник имаше замисла и ја реализираше на изминатите подготовки, стави акцент на физичката подготовка. Закажа три контролки со тимови кои се пред нас на таблата и сите до една од истите ги доби на резултатски план.
-Зимските подготовки минаа онака како што имав планирано и зацртано. Одигравме неколку силни напревари, сепак тоа не беше мерило. Сите тимови беа во процес на подготовки, ние се покажавме како поподготвени во таа фаза. Победите на сите три контролни дуели беа доказ дека одработивме одлични зимски подготовки како тим во целост.
* Изминатиот викенд успеавме да се пласираме на Ф-4 завршниот турнир во Купот на РМ. Ристова тактички зрело го водеше тимот и со благовремени реакции го надмудри колегата од спротивниот тим.
- Задоволна сум од пласманот на Ф-4 завршниот турнир во Купот на Македонија. Досега неколку пати сме одиграле со тимот на Стружанка дуели, некако сме супериорни во нашите мечеви. Па пласманот на завршницата во Купот беше очекувана за нас како тим во ова финале до групата „В“. Девојките ги исполнија задачите кои ги добија, тоа донесе успех на овој финален дуел.
* Тренерот на Вардар ни ги споделува очекувањата за пролетниот дел од сезоната која е пред нас и во која ќе се бориме за Куп пехарот и врвот во женската лига.
-Кога сме кај очекувањата од актуелната сезона, треба да нагласам дека имаме поставено само една цел на почетокот од истата. Ако е се како што очекуваме и се надеваме, треба да успееме да ја оствариме зацртанта цел. За нас таа цел е повисок пласман од претходно во двете напреварувња, лигата и Купот.
*Ристова како одминуваше сезоната, почна да го менува пристапот кон тактичката поставеност на тимот. Внесе доста динамика, во дефанзива и напад. Таа успеа да го вклопи тимот кој изминатата есен претрпе радикални промени во бековската линија.
-На почетокот од оваа сезона се соочивме со сериозен предизвик, имавме голем број на нови играчи кои требаше да ги вклопиме и внесеме во нашиот систем на фунционирање како екипа во одбраната и нападот. Сега сме веќе подолго време заедно, што ми овозможува и дава простор за надополнување на нашата игра. Нашата стратегија со тимот се покажа како одлична, па затоа ќе продолжиме со истата.
*Хмирова, ракометарката на “ѕвездениот Вардар“ од времето на Самсоненко од оваа полусезoна ќе биде асистент на Ристова. Шефот на стручниот штаб на црвено-црните искажува задоволство од тој факт.
-Тата Хмирова сега е дел од нашиот стручен штаб оваа пролет. Она ќе ни помага на мене и на Александар Царчев. Среќни сме што имаме една таква искусна ракометарка во нашиот стучен штаб. Таа ни е и ќе ни биде од голема помош во продолжението од сезоната за предизвиците кои не очекуваат оваа ракометна пролет- завршува Ристова.
Михајло Тушевски