Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ристовска и Лазовиќ од следната сезона се селат во екипата на Крим
Ристовска и Лазовиќ од следната сезона се селат во екипата на Крим

Ристовска и Лазовиќ од следната сезона се селат во екипата на Крим

Сара Ристовска и Барбара Лазовиќ од следната сезона се селат во екипата на Крим од Словенија. Десното крило и репрезентативка на Македонија, Ристовска со Крим потпиша договор на две години. За неа ова ќе биде прво интернационално искуство, откако претходно дојде од екипата на Металург, за која настапуваше четири сезони, а во црвено-црниот дрес е веќе трета сезона.

Враќање во татковината и за Барбара Лазовиќ, која токму од екипата на Крим дојде во Вардар. Десниот бек на црвено-црните, Лазовиќ најголем дел од кариерата помина токму во Крим Меркатор и ова за неа ќе биде веќе позната средина. Претходно уште пет ракометарки од Вардар и официјално најдоа нови тимови за следната натпреварувачка сезона. Прва чекор повлече, Лакрабер која во новата сезона ќе биде дел од Флери, потоа триото, Цвијиќ, Радичевиќ и Лекиќ кои потпишаа договори со екипата на ЦСМ Букурешт, како и Амандин Лејно, која во новата сезона ќе ја гледаме на голот на Ѓер.