Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Наталија Ристовска: “Јуниор„ лигата е многу добар проект на Вардар, кој се надевам дека и во следните години се повеќе ќе се развива
Наталија Ристовска: “Јуниор„ лигата е многу добар проект на Вардар, кој се надевам дека и во следните години се повеќе ќе се развива

Наталија Ристовска: “Јуниор„ лигата е многу добар проект на Вардар, кој се надевам дека и во следните години се повеќе ќе се развива

Се подготвуваме за третата сезона на ракометната “Јуниор“ лига, во која повторно ќе гледаме нови возбудувања, многу квалитетни и интересни натпревари. Повторно голем број на ракометни школи од цела Македонија ќе се соберат на едно место, во една лига, во која секој викенд континуирано ќе играат натпревари и ќе се трудат да покажат повеќе од претходните две сезони. РК Кале од Кичево е една од најдобрите школи, која е дел од “Јуниор“ лигата. Посебно нивната женска екипа, кај генерација родени “2004/05„ година имаше добри успеси во првите две сезони на ова натпреварување. Во првата сезона успеаа да го освојат првото место, додека минатата беа поразени во големото финале од екипата на РК Ново Лисиче. Успехот на оваа школа добива на тежина и со освоените две први места, на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ кој е во организација на ракометниот клуб Вардар.

vardarfans-rk-kale

Тука е и машката екипа, која со генерација 2002/03 го освои бронзениот медал во Јуниор лигата за минатата натпреварувачка сезона. Во следниов теккст ќе ве запознаеме со голманката на РК Кале-Кичево, а се работи за Наталија Ристовска, која ќе ни ги пренесе впечатоците од настапите во “Јуниор“ лигата во претходните две и очекувањата за новата сезона во оваа лига. Најпрво на кратко ќе не запознае со нејзините први почетоци со ракометната игра.

-Ракометот ми беше голема желба најмногу сакав и уште сакам да сум добар голман. Почнав на 11 години во ракометна школа Кале Кичево, со тренерите Ѓоко Маркоски, Драган Кузманоски и Анастасија Стефаноска. Тие се трудат нивните знаења и способности да ни ги пренесат нам и секако со тренинзите кои ги имаме три пати неделно да ни го приближат ракометот.

vardarfans-naslovna2-660x330

Јуниор лигата е нешто најново не само во Македонија, туку и на Балканот, кој дојде до идеја да ги соедини сите ракометни школи од земјава. Нејзиното значење е непроценливо во развојот на младите ракометари, овозможувајќи им ги сите неопходни услови за нивен напредок и совладување на  овој спорт.

За “Јуниор„лигата имам главно добро мислење со некои мали недостатоци. Најважната работа е што имаме натпревари скоро секоја недела, бидејќи на нив се гледа кој колку напреднал, а од друга страна на нив се и најмногу учи.  Најголеми впечатоци  ми  се дружењето и запознавањето со лица од другите ракометни школи од цела Македонија каде патуваш, а од постигнати резултати прво и второ место на јуниор лига а на двата турнири прво. Се надевам дека и следните години овој проект ќе се развива се повеќе и повеќе. “Јуниор лигата“ е многу добар проект на Вардар и мислам дека треба да се продолжи бидејќи тука може да се развиваат добри играчи.

vardarfans-rk-kale-kicevo1-660x330

Целта и во новата сезона на РК Кале-Кичево е да се биде на врвот во “Јуниор„ лигата, иако тоа нема да биде лесно со оглед на конкурентите кои ги имаат за првото место, во имињата на РК Кастратовиќ и Ново Лисиче.

-Во новата сезона остануваме со исти амбиции и цели, да бидеме секогаш на врвот во генерацијата во која ќе се натпреваруваме. Тоа ќе го постигнеме ако ја повториме играта од претходните две сезони, кога на два пати го освоивме турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“, како и едно прво и второ место во “Јуниор„ лгата. Свесни сме дека тоа нема да биде лесно, со оглед на конкурентите кои ги имаме за тоа прво место, сепак кој ќе биде најдобар преку целата сезона, тој нека биде шампион на “Јуниор„ лигата. Наше е да се трудиме, да даваме максимум и најдоброто од себе и да оставаме позитивен впечаток кај нашите и тренерите од РК Вардар кои ја пратат нашата игра.

Звонко Ивановски