Трета последователна победа за ЖРК Вардар во лигата на шампионите. Избраничките на Дибирова и Парондо стигнаа до нов триумф, овој пат во дуел против екипата на Ларвик. Убедливо со резултат 19:31 запишавме нов триумф во најголемото натпреварување, со кој останува на првото место на табелата во групата Ц. Добар натпревар одигра Сара Ристовска која учествуваше со 6 голови во триумфот против Ларвик. Ристовска блескаше во моментите кога Вардар направи серија од 0:7 и при резултат 9:9 на полувреме замина со убедливо водство од 9:16. Најактивна во тој период беше токму нашето десно крило кое постигна четири голови.
-Го започнавме натпреварот без притисок, се препуштивме на нашата игра. Имаше отпор од ривалот, па затоа и беше нерешено на почетокот. Со одбраните на Суслина и добрата игра имавме брзи контри и полуконтри, за да направиме разлика. Имаше голема дисциплина во нашата игра, и лесно и заслужено триумфиравме, истакна Ристовска.