Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Савевски со три вардарки за дуелите со Србија
Савевски со три вардарки за дуелите со  Србија

Савевски со три вардарки за дуелите со Србија

Селекторот на женската сениорска репрезентација, г-дин Љубомир Савевски го објавува списокот на повикани ракометарки за претстојниот собир во рамки на ЕХФ неделата во период од 22-30.11.2021. На списокот се три вардарки: Џатевска, Миновска и Бојана Коцева. На дополнителниот список со резерви има место и за Борјана Коцева.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРКИ

За време на ЕХФ неделата женската сениорска репрезентација на Македонија ќе одигра два контролни пријателски натпревари против репрезентацијата на Србија во Стара Пазова, Србија. Натпреварите се закажани за 27.11.2021 (сабота) и 29.11.2021 (понеделник).

Собирот на репрезентацијата е закажан за ден 22.11.2021 (понеделник) во 12:00 часот во Хотел Александар Палас.