Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Андреа Седлоска е МВП на завршниот турнир во пионерската лига, Јована Трајкоска е најдобар голман
Андреа Седлоска е МВП на завршниот турнир во пионерската лига, Јована Трајкоска е најдобар голман

Андреа Седлоска е МВП на завршниот турнир во пионерската лига, Јована Трајкоска е најдобар голман

Вечерва се одигра големото финале во женската пионерска лига, каде екипата на Вардар успеа да го освои трофејот. Избраничките на Ристова и Пецевска повеќе од заслужено стигнаа до првото место оваа сезона, откако во текот на целиот натпревар имаа водство против Металург, кое на моменти беше и осум голови разлика. На крајот резултатот гласеше 20:24. Во полуфиналето, нашите девојки беа подобри од екипата на Куманово.

vardarfans-trajkovska

На крајот беа доделувани медалите за најдобрите три екипи на завршниот турнир, како и поединечните признаниија. Јована Трајкоска е најдобриот голман на Ф4, чуварот на мрежата на Вардар беше и повеќе од одлична и една од најзаслужните за освоениот трофеј. Признанието за најдобар играч го доби Андреа Седлоска, која преку целата сезона беше една од предводничките на Вардар. Таа финалето го заврши како најефикасен играч, со 8 постигнати голови.

vardarfans-sedloska

Златните девојки се : Јована Трајковска, Ангела Гроздановска, Јана Арсовска, Катерина Дамјановска, Стефанија Ѓорѓиевска, Јана Донева, Мирјана Петковска, Симона Трајковска, Стефани Софтовска, Магдалена Насковска, Ангела Костовиќ, Сара Миновска, Андреа Седлоска, Ива Јаковчевска, Марија Галевска и Ана Гонзалес.

Тренери: Драгана Ристова и Билјана Пецевска.