Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Седма последователна победа за пионерките на ЖРК Вардар, црвено-црните со полн “плен“ се враќаат од Струга

Седма последователна победа за пионерките на ЖРК Вардар, црвено-црните со полн “плен“ се враќаат од Струга

Денес во рамките на пионерската лига, ракометарките на ЖРК Вардар гостуваа во градот Струга кај екипата на ЖРК Стружанка. Девојките на Ристовска и Пецевска во салата “Нико Нестор“ во Струга дојдоа до победа со резултат 10-22 и ја продолжија низата на позитивни резултати.

Домаќините поведоа со 1-0 на самиот почеток, ние веднаш изедначивме во продолжение на 1-1. Следеше низа од 0-3 со која поведовме со 1-4 и најавивме дека сме дојдени во Струга по “цел плен“. Домаќинките од Струга во продолжение намалија на  2-4, сепак ние на средината на првиот дел успеавме да се одлепиме на “плус пет“ односно на  3-8. Во вториот дел од првиот период се играше помирно, во игра гол за гол ја одржавме предноста од пет гола. На одмор заминавме со предност од 6-11 во наша корист.

Вториот дел почна со гол за нашите девојки кој првпат отидоа на “плус шест“ ние во првата минута од вториот период поведовме со 6-12. До средината на вториот дел перманентно газевме на теренот зголемувајќи го одадтно водството. Точно на средината од вториот период водевме со “девет гола позитива“ односно со резултат 8-17. Последната четвртина беше чиста формалност, тренерскиот двоец од клупата уфрли “свежа крв“. Девојките кои добија прилика само го зголемија водствот, по крајот на 40минути на ракомет во салата “Нико Нестор“ триумфиравме со “дванаесет плус“ односно со резултат 10-22.

Најефикасна во редовите на Вардар беше Ива Јаковчевска со 6 голови, додека 4 постигна Магдалена Наскоска. Коларовска беше стрелец на 3 погодоци.