Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Сезоната за пионерките на РК Вардар започнува со натпревар против Делчево на домашен терен
Сезоната за пионерките на РК Вардар започнува со натпревар против Делчево на домашен терен

Сезоната за пионерките на РК Вардар започнува со натпревар против Делчево на домашен терен

Во новата сезона во младинските ракометни лиги, ќе гледаме нова женска генерација на ракометниот клуб Вардар, која ќе се натпреварува во пионерската лига. Екипата ќе ја сочинуваат ракометарки кои се родени 2004/05 година а ќе се натпреваруават во повозрасна генерација “2002“. Тие ќе бидат предводени од тренерскиот тандем, Анжела Платон и Александра Кузмановска а тимот го сочинуваат ракометарки кои се дел од академијата на Вардар и кои претходниве две сезони беа дел од “Јуниор“ лигата. Ќе се натпреваруваат вкупно 16 екипи поделени во две групи, од по 8 екипи.

Во групата 1 покрај Вардар ќе се натпреваруваат и екипите на Ѓорче, Струма, Металург 2, Велкова 5, Делчево, Куманово и Кожувчанка.

Сезоната за младите Вардарки ќе започне на 28/29 октомври со натпревар на домашен терен против екипата на Делчево. Ви го претставуваме распоредот на одигрување на мечеви во есенскот дел од сезоната за нашите девојки.

1 коло: Вардар – Делчево  28/29.10.17

2 коло: Кожувчанка – Вардар  04/05.11

3 коло: Вардар – Металург  11/12.11

4 коло: Струма -Вардар 18/19.11

5 коло: Вардар – Велкова 5  25/26.11

6 коло: Вардар – Ѓорче  02/03.12

7 коло: Куманово – Вардар  09/10.12

 Моментално пионерската екипата на Вардар ја сочинуваат десет ракометарки: Бојана Коцева, Мила Пешиќ, Борјана Коцева, Мила Крагељ, Наталија Максимовска, Ива Ангеловска, Александра Коловска, Ана Мирчевска, Андрееа Миланова и Бојана Радевска. Секако се остава простор и за нови играчи, со цел да се направи комплетна генерација на Вардар.