Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Симовски: Задоволен сум од победата – Ангела Тодоровска: Големата победа се должи на тимската игра и желбата за триумф.
Симовски: Задоволен сум од победата – Ангела Тодоровска: Големата победа се должи на тимската игра и желбата за триумф.

Симовски: Задоволен сум од победата – Ангела Тодоровска: Големата победа се должи на тимската игра и желбата за триумф.

Втората екипа на Жрк Вардар приреди мало изненадување, забележувајќи победа против првиот тим на Металург. Екипата од автокоманда во текот на натпреварот на два пати имаа предност од четири гола 3:7 и 12:16. Сепак избраничките на Симе Симовски успеваа да се вратат во игра, и во драматичен финиш да забележат голема победа. Конечниот резултат гласеше 18:17.

-Задоволен сум од победата. Многу ни значеше овој натпревар за подигнување на самодовербата. Им честитам на девојките за безпрекорното залагање на теренот. А за иднината ни треба многу работа за да излезат посакуваните квалитети, ни изјави тренерот на вториот тим на Вардарки, Симе Симовски за нашиот сајт.

Најефикасни во нашиот табор беа Теодора Керамитчиева со 8. Марија Прленда и Ангела Тодоровска додаоа по 4 гола.

-Честитки и до Металург за добрата и борбена игра. Големата победа се должи на тимскиот дух, тимската игра и нашата голема желбa за триумф. Ова беше тежок и неизвесен натпревар. Тимот на Металург беше во предност во текот на целиот натпревар, но нашата цврста одбрана и долгите и смирени напади не дозволија тие да ја одржат предноста. Искрено верував во победа, на вакво дерби секој би посакал победа. Презадоволна сум од победата, им честитам на моите соиграчи на извонредната игра.

Со оваа победа Вардарки влегуваат во израмнета битка за второто место со екипата на Металург.

-Со ваква игра се надевам дека до крајот на првенството ќе ја постигнеме нашата цел, второто место во Супер лигата, изјави Ангела Тодоровска за нашиот сајт.

Михајло Тушевски