Левото крило на ракометниот клуб Вардар, Маја Сокач доби големо признание откако е избрана за една од трите ѕвезди во последното коло од лигата на шампионите. Сокач со своите седум погодоци беше една од најзаслужните за победата на Вардарки, на гостувањето во Савехоф. Ова е последна сезона за хрватската интернационалка во црвено-црниот дрес. Покрај неа во овој избор се најдоа уште и Тине Станге од Ларвик и и Нереа Пена од Ференцварош. Жрк Вардар на крајот од главната група го освои треттото место и во 1/4 ќе игра против екипата на Ларвик.
Видеото од најдобрите три ѕвезди во последното коло од групната фаза во женската лига на шампиони, можете да го погледнете ТУКА.