Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски го објави списокот на повикани ракометарки за собир и подготовки за престојното Светско кадетско првенство, кое ќе се одржи во нашата држава.
На списокот од 20 ракометарки се наоѓаат четири девојки од тимот на ЖРК Вардар, според планот припремите за Светското кадетско првенство ќе започнат на 10 јули во Маврово.