Младинките на Вардар СЦЈС стигнаа до нова победа во младинската лига, откако денес славеа на гостувањето во Кичево против истоимената екипа.
Во првите 10 минути, домашниот тим пружаше достоен отпор на нашиот состав. Се играше главно израмнето на двете срани, а екипите постојано се менуваа во водство. Сепак до крајот на првото полуврене, Вардарки успеваат да се одлепат од противникот. При нерешен резултат од 5:5, црвено-црните прават серија од 1:5 за највисоки четири голови разлика во тие моменти. Со оваа предност успеваме да заминеме на одмор, каде резултатот по првото полувреме гласеше 8:12.
Вториот дел започна со гол на Вардар, за веќе да имаме солидно водство од 8:13. Домашниот тим на РК Кичево 10 се обидуваше да се врати во мечот, но Вардарки имаа целосна контрола на играта и резултатот. Најмногу што успеа да намали противникот од нашата предност беше три голови разлика, но црвено-црните веднаш враќаа со мини серија за да ги достигнуваме оние пет голови предност. Како се ближеше мечот уште повеќе го зголемувавме водството, во еден момент имавме и највисоки осум голови позитива (20:28). На крајот конечниот резултат гласеше 21:29.
Убедливо најефикасна во нашиот состав беше пикерот Сандра Стамова која успеа да постигне дури 9 голови.
Вардар СЦЈС: Николовска 3, Стамова 9, Нелоска, Кицеска, Мицевска, Карчева 1, Трпевска 1, Диневска 1, Станикевска, Блажевска, Тодоровска 2, Реџеп, Костадиновска 1, Цветковска 4, Филипоска 4, Иванова 3.