Женската младинска репрезентација на Македонија го доживеа и вториот пораз на Европското првенство кое се одржува во Романија. Во рамките на 2.коло во групата, избраничките на Дамчевска загубија од Данска со резултат.
Македонија прва успеа да го отвори резултатот и во првите десет минути парираше на силната Данска, кога се играше гол за гол на двете страни. Сепак, противникот со серија од неколку погодоци успеа да се одлепи и до крајот на првиот дел да се стекне со солидна предност од 18:13.
Не се предававме така лесно, во вториот дел намаливме на само три гола, кога резултатот беше 20:17. Данска искористи еден наш лош период кога успеа да се одлепи на осум гола предност, по што беше јасно кој ќе ги освои бодовите на овој натпревар. На крајот конечниот резултат гласеше 39:27.
Вардарката, Сара Стефаноска, беше втор најдобар стрелец во Македонија со 6 постигнати голови. Попова, Радеска и Бојана Коцева постигнаа по два гола.