Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лилија Тасевска: “Јуниор лигата“ ја гледам како цел да се приклучам во младинските екипи на Вардар и да играм еден ден во првиот тим на овој клуб
Лилија Тасевска: “Јуниор лигата“ ја гледам како цел да се приклучам во младинските екипи на Вардар и да играм еден ден во првиот тим на овој клуб

Лилија Тасевска: “Јуниор лигата“ ја гледам како цел да се приклучам во младинските екипи на Вардар и да играм еден ден во првиот тим на овој клуб

Најновиот проект на ракометниот клуб Вардар “Јуниор лигата“, во која се натпреваруваат околу 20 ракометни школи кои се дел од академијата на Вардар се одвива успешно. Во наредниов период, до 20-ти јануари следи кратка пауза во лигата, после што ќе се продолжи со натпреварите. Екипата на Академија 3 предводена од тренерот Анжела Платон е дел од “Јуниор лигата“.

-Впечатоците за оваа лига ми се многу позитивни,се запознаваме со нови деца, даваме повеќе од тоа што го можеме и секогаш очекуваме подобри резултати. До лани не постоеше оваа лига и оваа година ова е предност за нас, се уигруваме се повеќе и повеќе,си ги подобруваме грешките и гледаме да има се помалку и помалку.

Лилија Тасевска настапува за Академија 3 генерација родени 2000/2001 година. Имаат одиграно вкупно три натпревари.

Јас сум дел од Академија 3 и неможам да кажам дека сум многу задоволна од резултатот на мојот тим. Сигурна сум дека можеме многу повеќе.Во иднина ќе вложиме што можеме повеќе и идните резултати да ни бидат многу подобри.

Целта е јасна кај најголем дел од учесниците во “Јуниор лигата“ , преку овие натпревари да се докажуваат и покажуваат своите квалитети.

Оваа лига ја гледам како цел да се приклучам во младинските екипи на Вардар и да играм еден ден во првиот тим на овој клуб, изјави Лилија Тасевска за нашиот сајт.

Звонко Ивановски