Младата и перспективна ракометарка на Вардар СЦЈС, Теодора Керамичиева од следната сезона со сигурност ќе биде дел од првиот тим на Вардар. Керамичиева заслужи да добие договор од првиот тим, веќе две години нашата млада ракометарка настапува одлично во вториот тим, но и во сениорската репрезентација на Македонија.
Керамичиева оваа сезона има искуство со играњето во Челинџ купот, каде постигна вкупно 25 погодоци. Керамичиева е родена 1996 година, пред да дојде во вториот тим на Вардар, со голема успешност беше главен играч во младинските тимови на Металург.
Од вториот тим со сигурност ќе биде преместена уште една, а можеби и повеќе ракометарки.