Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Тодоровска и Нолевска од Вардар, се во ТОП 15 листа на најдобри стрелци на ЕП во Валенсија
Тодоровска и Нолевска од Вардар, се во ТОП 15 листа на најдобри стрелци на ЕП во Валенсија

Тодоровска и Нолевска од Вардар, се во ТОП 15 листа на најдобри стрелци на ЕП во Валенсија

После две одиграни кола на Европското првенство за младинки во Валенсија, денеска е слободен ден за сите репрезентации. Македонската селекција има остварено половичен успех по првите два дена, една победа и еден пораз е учинокот за избраничките на Симе Симовски. Во првото коло забелажавме победа, против Литванија (31:27). Вчера го доживеавме првиот пораз од репрезентацијата на Германија (31:21). Ние како сајт, известуваме посебно за девојките кои доаѓаат од двете екипи на Вардар.

Ангела Тодоровска се наоѓа на петото место на листата на најдобри стрелци, со вкупно 11 постигнати голови. Тодоровска беше избрана за најдобар играч во нашата репрезентација, на дуелот со Германките. На овој меч впиша 8 голови и со 3 од првото коло, има вкупно 11. Еден повеќе има Сара Ристовска (12), која воедно е и најефикасна во нашиот состав. Тодоровска има 79% на успешно упатени удари, или 11 голови од 14 шутеви кон противничките мрежи.

Уште една ракометарка која доаѓа од вториот тим на Вардар, Наташа Нолевска котира високо на листата на стрелци. Со вкупно 9 голови се наоѓа на 15 место на листата на стрелци. Нолевска по победата против Литванија беше прогласена за најдобра поединка во Македонската репрезентација, каде успеаа да постигне 7 голови. Против Германија постигна два погодоци. Сара Митова која минатата сезона настапуваше за првиот тим исто така е ефикасна на ова ЕП. По две кола има впишано 7 погодоци, Литванија(5) и Германија(2). Итана Грбиќ исто така има дадено до сега 7 голови за Црна Гора и двете се наоѓаат на делба на на 28 место. Утре нашите младинки играат против Русија, натпревар од кој зависи пласманот во следната рунда.