Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Тина Тодоровска: Оваа награда ја делам со мојата екипа, исто како да е награда за целиот тим
Тина Тодоровска:  Оваа награда ја делам со мојата екипа, исто како да е награда за целиот тим

Тина Тодоровска: Оваа награда ја делам со мојата екипа, исто како да е награда за целиот тим

Со вкупно три победи од исто толку одиграни натпревари, младинките на Жрк Вардар успеаа да го освојат турнирот Вардар, еден живот, една љубов“ , во генерација родени 1998/99 година. Црвено-црните во големото финале ја совладаа екипата на Ѓорче Петров (20:13) и заслужено се најдоа на тронот. Претходно бевме подобри од екипите на Академија 1 и Академија 2.

-Турнирот беше добро организиран. Мислам дека целта на овој турнир беше да покажеме борбеност и волја за игра и победа.Изминатите три дена беа полни со емотивни моменти, имаше прекрасна атмосфера, сите беа со жар во очите за победа. Јас и мојата екипе сме задоволни од нашата игра. Имавме некои грешки, меѓутоа со тек на време тоа ќе го поправиме. Јас сум задоволна од мојата игра.

vardarfans najdobar strelec

Тина Тодоровска е најдобар стрелец на турнирот со вкупно 18 постигнати голови.

-Во врска со наградата, ова ми е прва ваква поединечна награда.Да се добие вакво признание не е толку лесно. Како да ми поминаа “подморници“ по телото кога го слушнав моето име. Многу сум среќна и сум им премногу благодарна на моите девојки, бидејќи без нив ова ништо немаше да се случи. Оваа награда ќе ја делам со мојата екипа исто како да е награда за целиот тим, изјави Тина Тодоровска за нашиот сајт.
Звонко Ивановски