Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Радичевиќ во трите ѕвезди на колото, Лејно и Илина во ТОП-5 најдобри одбрани и голови
Радичевиќ во трите ѕвезди на колото, Лејно и Илина во ТОП-5 најдобри одбрани и голови

Радичевиќ во трите ѕвезди на колото, Лејно и Илина во ТОП-5 најдобри одбрани и голови

Изминатиов викенд се одигра последното коло од главната рунда во лигата на шампионите. Екипата на Вардар со триумф го заврши овој дел од најголемото ракометно натпреваруње. На домашен терен бевме подобри од екипата на Турингер која ја совладавме со резултат 36:26. Добрата игра на целата екипа донесе три наши ракометарки да се најдат во изборот на ЕХФ во оваа последна рунда пред започнување на елиминациските мечеви.

Јованка Радичевиќ постигна девет гола во победата против Турингер и се најде во трите ѕвезди на колото во ЛШ, (ВИДЕО). По којзнае кој пат, место во најдобрите пет одбрани на колото има за Амандин Лејно, (ВИДЕО), додека за прв пат оваа сезона во изборот влезе и Дијана Илина која има еден од петте најубави погодоци, (ВИДЕО).