Friday ,11 October 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Трпевска Ивона: На мечевите со Металург и младинскиот со Куманово одиме на „цел плен“
Трпевска Ивона: На мечевите со Металург и младинскиот со Куманово одиме на „цел плен“

Трпевска Ивона: На мечевите со Металург и младинскиот со Куманово одиме на „цел плен“

ЖРК Вардар, изминатата сезона како што  веќе добро е познато дојде до Куп „среброто“, а заврши во топ-3 во Супер лигата. Започна и новата сезона, позицијата ни е слична, во топ-3 сме во сениорската конкуренција, во младинска сме со 100% успех. Пред нас е голем испит дуелот со Металург кој може да не прати на „зимување„ како втори. Тимот повторно е одличен, резултатите се тука, од оваа екипа постојано се регрутираат репрезентативки во повеќе категории.

Неодминлив дел од овој тим е и Ивона Трпевска, станува збор за талентирана млада дама, со исклучителен „сенс“ за ракометната игра, неуморен работник и борец, ракометар кој може да игра на двете крилни позиции.  Таа е сестран играч, погодува од различни ситуации во ракометната игра. Заштитен знак и се недодржливите перфектни контра-напади по кој следи „безмилосна егзекуција“. Покрај тоа  висок процент има при реализирањето на  удари од седум метри. Да не зборуваме дека во офанзива може да стрела од двете  крилни  позиции, посебна мајсторија е кога игра на десна страна, по перфектност скок иде мајсторско вртење тело за да може да стрела со десната рака зад грбот на голманот. Најзините игри често се инспиративни за останатите, пркосна и моќна, девојка која на теренот се движи со голема леснотија, префинетост и грациозност. Физичка конституција која ја поседува, заедно со секогаш високото ниво на подготвеност и дава спектар на можности за настапите, која таа на доста интелигентен начин ги користи.

ФОТО: Маестралноста на удар со десна рака од десно крило

ФОТО: Маестралноста на удар со десна рака од десно крило

Интересно е дека во  ист момент  е доволно силна и доволно нежна за префинети удари  кои ги измамуват голманите, по молскавичните влезови крај одбраната на ривалот или по брзо истрчана контра. Во одбраната е лукава и ги прозира намерите на ривалите, често позицијата која ја брани е недопирлива за противничката офанзива па се решаваат да ја одминат при атаците. Популарната „Трпе“ во нападот кога ќе види позиција тргнува силно, и најмал процеп во противничката одбрана е доволен да го исползува, нејзината способност за брза реакција и размислување и дава предност пред противникот, таа има „инстикт на ловец“.  Трпевска покрај незаменливата улога во Вардар, каде таа е безценета, има  еднакво значење  и во селекцијата на Македонија, таа е младинската репрезентативка. Оваа девојка е пример за спортист, пример за неуморен работник и играч кој секогаш дава максимум.

-За почеток  на интервјуто со крилото на црвено-црниот женски тим започнуваме со едно интересно прашање: Која е Трпевска Ивона? Таа  на истото ни го одговори токму следното:

*Ивона е млад спортист, вљубеник во ракометната игра која вредно работи на свој напредок. Вардарка во срцето,  на која тимскиот успех и е пред се, секогаш се ставам во позиција да бидам корисна на тимот, мојата животна филозофија е колективен успех и напредок. Ивона е девојка која го сака животот, дружбата, пријателството, поврзаноста,   девојка  која во ракометот го видела својот „животен повик“ и која сака да ги достигне ракометните височини на клубски, но и репрезентативен план во дресот на мојата татковина. Не се плашам од предизвици,  ги сакам на теренот и надвор од него.

Трпевска: На секоја позиција на која ќе настапам ќе давам максимум..

Трпевска: На секоја позиција на која ќе настапам ќе давам максимум..

- Големо е богатството да се има оваа девојка во екипата, секој тренер би ја посакал таа може да одговори еднакво добро на двете крилни позиции. Нешто што е реткост во модерниот ракомет, девојка која може да делува исто убоито покрај двата раба на теренот, воедно нејзините контри се шоу само за себе.

*Играм на двете крилни  позиции, но најмногу на десно крило, без разлика на која позиција да ме стават давам се од себе за да изиграм најдобро.  Јас сум играч кој за тимот ќе игра каде и да е потребно, на било која позиција и во било која ситуација ќе го дадам максимумот за мојот Вардар.  Сакам предизвици, истите ги прифаќам со големо задоволство. Премногу е тешко да се игра на десно крило со десна рака, но како што кажав давам се од себе и со напорни тренинзи успевам во тоа. 

-Трпевска е екстра квалитет, тоа не мина незабележано од селекторот на младинската селекција на Македонија. Настапи на ЕХФ шампионатот каде го бранеше боите на земјава. Одлично одигра особено во подготвителниот период беше блескава и често беше прв стрелец, одлична стандардно за неа одигра и на завршницата.

За неа е чест настапот за Македонија.

За неа е чест настапот за Македонија.

* Како и за секоја спортист, така и за мене голема чест и задоволство е да се игра за националниот дрес. Задоволство  е да ги  браниш бојата на својата држава. Тоа е неопишливо чувство, затоа  секој играч би посакал да заигра за репрезентација. Се трудевме премногу, на мечевите  дававме се од себе, игравме добро, мотивирано и борбено, но секогаш може и подобро. Во иднина секогаш ќе одговарам на повиците за Македонија, вистинско задоволство е да се биде дел од тимот со националните обележја.

-Веќе изминува 2019 година, серија настани се случија во кариерата на Трпевска, таа со Вардар играше во завршниците во три конкуренции. Настапи на ЕХФ Шампионатот во дресот на Македонија, имаше доста убедливи партии секаде каде што доби прилика, секако за неа е добро познато дека ја искористува секоја дадена шанса.

Куп „среброто“ за ја одбележа 2019 за мене-Ивона.

Куп „среброто“  ја одбележа 2019 за мене-Ивона.

-Најголем впечаток  во оваа година што изминува дефинитивно ми остави  завршницата во Купот на Република Македонија која се играше во Куманово. Таму со голема пожртвуваност, труд и поврзаност  успеавме да играме финале против домаќинот на настанот, екипата на ЖРК Куманово. Беше тешко, одигравме добро и се боревме до крај, но не успеавме да изиграме реми поради наши грешки кој се случуваат за време на такви натпревари. Секако „среброто“ за еден млад тим како нас беше нешто големо, дефинитивно од сите натпревари Куп финалето во женска сениорска конкуренција е настанот кој ја одбележа за мене оваа година.

*Од брзоногото крило на ЖРК Вардар побаравме оценка за сезоната која е во тек, за она што досега е одиграно како го оценува истото. Ивона настапуваше на поголем дел од натпреварите, на последниот со Металург во средата „блесна„ во нејзин стил и успеа да ја наполни мрежата на сино-белите со дури девет гола.

-Веќе  полека навлегуваме во фаза кога ја привршуваме  првата, есенската  полусезона. Моментално сме трети на табела во Супер лигата. За жал изгубивме од Чаир, но се надевам на поголем успех во вториот дел од сезоната, можеби и до крајот со две победи кои ги посакувам да избориме втора позиција пред одморот. Младинската лига ја почнавме одлично, имаме две високи победи, следува тежок дуел со екипата на Куманово и се надеваме на триумф, по истиот мислам дека патот кон младинската титула ќе биде отворен и ние ќе ја имаме во наши раце нашата судбина во оваа конкуренција.

78274710_419615245584589_667830194341412864_n

Задоволна сум од својот придонес, секогаш моите игри ги ставам во фунција на тимот.

*Нејзиниот придонес лесно се забележува при еден поглед на статистичките податоци од дуелите. Покрај тоа таа за оние кој ги следат натпреварите во живо евидентно е една од најдобрите на теренот. Како самата е задоволна од своите настапи ни открива во продолжение.

-Искрено, задоволна сум од мојот пристап и придонес, но секогаш може подобро.  Во овој момент моите перформанси се на ниво на кое јас тоа го посакувам, тоа ми причинува задоволство.  Сакам и ќе се потрудам да дадам максимум, да дадам имплус повеќе на тимот да дојдеме до посакуваните цели, ќе се потрудам да бидам на нивото на кое јас сакам да бидам во вакви важни и клучни мечеви.

*Пред девојките се два доста важни натпревари, ги очекува гостување во сабота кај Металург во сениорската лига. Само ден потоа тие гостуваат и кај тимот на ЖКК Куманово во дербито на двата непоразени тима во младинската женска ракометна конкуренција.

-Не очекуваат два важни дуели  против екипата на Металург во Супер лигата и екипата на Куманово во младинската лига каде се надевам дека повторно ќе прикажам добра игра. Очекувам како екипа на овие два натпревари да дојдеме до победи, двата дуели се тешки и гостински што ќе ни биде дополнителен товар, ама доколку сакаме шампионски титули треба да одиграме на ниво.

Трпевска вели дека силата на Вардар, е спотеноста на девојките.

Трпевска вели дека силата на Вардар, е спотеноста на девојките.

* Вардар има тим кој е сплотен, иако лани тргнаа како кадетки брзо созреа и дојдоа во врвот на женскиот ракомет. Она што ги прави посебно е нивната поврзаност, како Трпевска го гледа тоа како член на тимот ни открива во продолжение.

-Силата  на овој тим, највеќе е  во мотивираноста, желбата и позитивната хемија  која постои помеѓу  сите нас внатре во екипата. Секогаш сме заедно, се поддржуваме една со друга без разлика на се, се надополнуваме се разбираме како минува времето. Овој тим е збир на квалитетни ракометарки и личности, кои се надополнуваат помеѓу себе па така создаваме една компактна целина.

* Вардаровиот „бисер“  во тим работи со Ристова и Црвенковска, покрај тоа дел од стручната фела на екипата е и Царчев кој е задолжен за голманите. Сите тие се дел од успесите на овој тим. 

-Навистина  ние како Вардар имаме одличен стручен штаб. Тие прават се за нас, се трудат  да се чувствуваме одлично. Несебично се  вложуваат напредокот  на  тимот и напорно  работат со  сите нас за да постигнеме позитивен резултат. Заедништвото ни носи компактност, а компактноста ни носи позитивни резултати како „краен производ“- вели Трпевска Ивана.

МИХАЈЛО ТУШЕВСКИ