Младинките на Вардар Јуниор стигнаа до убедлива победа во рамките на младинската лига, откако славеа на гостувањето против екипата на Ѓорче Петров со резултат 15:31.
Избраничките на Драгана Ристова први го отворија резултатот кога поведоа со 0:2, за домашниот тим да го постигне својот прв гол и да го намали резултатот на 1:2. Следеше серија на црвено-црните од четири последователни голови, за веќе на стартот да се одлепиме и да поведеме со 1:6. Оваа позитива од пет голови ја имавме и при резултат 5:10, кога вардарки со нова серија од 0:3 на полувреме имаа убедлива предност од 5:13.
Идентично започна и второто полувреме кога со два гола во серија стигнавме до двоцифрена предност од 5:15. Домашниот тим се обиде да се врати во игра, кога го намали резултатот на 10:18, но избраничките на Ристовска со нова серија од 0:6 зголемија на убедливи 10:24. Последните десет минути беа рутина за нашите младинки, кои триумфираа со конечни 15:31.
Најефикасна во нашиот состав беше Ана Марија Коларовска која постигна 10 голови.
Вардар Јуниор: Гроздановска 1, Арсовска, Дамјановска 1, Гонзалез, Ѓорѓиевска 2, Донева, Петковска 5, Грујовска (7 одбрани, 3 контри), Софтовска 3, Станчева (5одбрани, 1 контра), Џатевска 2, Костовиќ 1, Коларовска 10, Јаковчевска 2, Талевска.