Екипата на ЖРК Вардар СЦЈС стигна до нова победа во пролетниот дел од најсилната супер лига. Вечерва во малата сала на С.Ц. Јане Сандански избраничките на Симе Симовски ја пречекаа екипата на Овче Поле, која ја совладаа убедливо со резултат 37:21.
Гостинската екипа само во еден наврт и тоа на стартот го израмни резултатот на 1:1, по што младите Вардари постигнаа четири голови во серија и поведоа со 5:1. Во продолжение од мечот, екипата на Овче Поле одржуваше некаква резултатска рамнотеже и не дозволување, нашиот состав да се одлепи на поголема разлика. Во еден момент дури успеаа да намалат и на 9:7. Сепак до крајот на првото полувреме заминуваме со солидна предност од 18:13, иако имавме и највисоки шест голови разлика (18:12). Во првите пет минути од второто полувреме, Овче Поле успева да го намали резултатот на 19.15, но тоа беше се што стоија на овој натпревар. Во следните десет минути Вардарки правата голема серија и стигнуваат до двоцифрена предност од 28:18. Полседните десет минути беа чиста рутина за нашиот состав кој само ја зголемуваше предноста. На крајот конечниот резултат гласеше 37:21.
Јована Мицевска со само 16 години имаше вкупно 11 одбрани во второто полувреме. Некои од нив беа тешки удари, а спречи и два удари од седум метри. Љупка Белмезова го заврши натпреварот со 4 одбрани. Блескаа и младинските репрезентативки, Анастасија Николовска која имаше 8 голови, како и Леонида Гичевска со 6 погодоци. Клаудија Георгиевска и Сара Митова имаа по 4 голови.