Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Неготино дојде и виде, кадетките на Вардар Јуниор со висока победа го стартуваа пролетниот дел од сезоната
Неготино дојде и виде, кадетките на Вардар Јуниор со висока победа го стартуваа пролетниот дел од сезоната

Неготино дојде и виде, кадетките на Вардар Јуниор со висока победа го стартуваа пролетниот дел од сезоната

Денес во С.Р.Ц Кале се одигра натпревар во женската кадетска лига во рамките на групата 2, помеѓу екипите на Вардар Јуниор и Вардар-Неготино. Со овој дуел беше означен и стартот на пролетниот дел од сезоната во кадетската лига. Вардарки победија со убедлив резултат од 35:14.

3

Првите четири голови на овој меч за вардарки ги постигна левото крило Сара Миновска, која најпрво му донесе водство на својот тим од 3:0, за првиот гол екипата од Неготино да го постигне во 5 минута кога го намали реултатот на 3:1. Следниот гол противничкиот тим го постигна дури во 18 минута од дуелот, за претходно црвено-црните да направат серија од 8:0. Активни во овој период беа Катерина Дамјаноска, Ана Марија Коларовска и Ангела Костовиќ кои го полнеа голот на Неготино.

1

Набргу стигна и двоцифрената предност за избраничките на Драгана Ристова, кои во 18 минута имаа водство од 12:2 откако погоди Марија Галевска. До крајот на првиот дел само растеше предноста во корист на Вардар Јуниор. Во 21 минута со голот на десното крило, Мирјана Петковска која исто така денес одигра одлично во првото полувреме, зголемуваме на 15:3, за и во следните пет минути со нова серија од 5:0 да го зголемиме нашето водство на 18:3, откако погоди Ана Донева. Малку поефикасни беа и гостинките од Неготино во последните пет минути, кога постигнаа четири голови, па на одмор се замина со резултат 22:7 за Вардар Јуниор.

2-2

По пет минути игра во второто полувреме падна првиот гол, кој  беше дело на Катерина Дамјаноска, која зголеми на 23:7. На средината од второто полувреме, Вардар Јуниор стигна до голема разлика од 29:10, што беше знак за тренерот на Вардар-Неготино да повика тајм-аут. Во вториот дел на голот застана Јована Трајкоска, која ја замени Симона Грујовска. Тренерот Драгана Ристова им даде шанса за настап на сите ракометарки, кои денес и беа на располагање, па во вториот дел играа со комплетно нова постава.

4

Сепак тоа не беше пречка за нашите кадетки да ја зголемуваат позитивата во своја корист, која во 47 минута изнесуваше и 31:10, откако од седум метри погоди Ана Изабел Гонзалез. Застана противничката екипа на десет голови, а својот единаесетти го постигна со удар од седум метри во 54 минута за да го намали резултатот на 32:11. Одлична на голот и Трајкоска, која со летечка измена одбрани топка, во моментите кога игравме со играч помалку, па тренерот Ристовска играше без голман. На крајот конечниот резултат гласи 35:14.

Голманките Симона Грујовска (фрлени 3 контри) и Јована Трајкоска (фрлени 2 контри) имаа еднаков број на одбрани, или по 12 успешни интервенции за нашите две голманки или во проценти имаа 65% успешност и двете. Ова беше шестта победа за кадетките на Вардар Јуниор во текот на оваа сезона, кои имаат уште само еден нерешен резултат во дуелот со Куманово. Во есенскиот дел исто така убедливо го совладавме денешниот противник со резултат 16:32. Две девојки погодија по пет пати  Коларовска  и Миновска, Костовиќ  беше стрелец на 4 гола, три пати успешно погодија: Дамјановска, Гонзалез, Ѓорѓиевска,  Донева, Петковска, Јаковчевска, додека Цветановска, Наскоска и Талевска впишаа по еден погодок.