Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > ЖРК Вардар Јуниор сигурен на гостувањето во Куманово
ЖРК Вардар Јуниор сигурен на гостувањето во Куманово

ЖРК Вардар Јуниор сигурен на гостувањето во Куманово

Екипата на ЖРК Вардар Јуниор стигна до втората победа во плејофот, по триумфот во дуелот со Куманово. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 23:27.

Нашите девојки ја имаа контролата на резултатот и во текот на целиот меч имаа постојано водство. Сепак домашната екипа даде цврст отпор и не дозволуваше Вардар да стигне до поубедлива предност. Речиси во најголем дел од првото полувреме се играше гол за гол на двете страни, се до последните пет минути кога со серија од три последователни гола успеваме на одмор да заминеме со предност од 10:13.

vardarfans pobeda so kumanovo

Решавачкиот чекор кон освојување на нови бодови, избраничките на Симовски го направија во првите десет минути од вториот дел, со нова серија на погодоци за највисоки шест голови позитива 19:13. До крајот на натпреварот, домашната екипа највеќе што успеа да стори е да ја смали негативата на четири голови, што не беше доволно за избегнување на поразот.

Убедливо најдобар стрелец во нашиот состав беше Теодора Керамитчиева со 8 погодоци. Белмезова имаше одлично издание на голот, со 14 успешни интервенции. Досега во плејофот после четири одиграни кола имаме половичен успех, од две победи и два порази. Бевме подобри во дуелите со екипите на Пелистер и Куманово, додека загубивме од Металург и во “сестринскиот“ дуел подобар беше ЖРК Вардар.

Вардар јуниор: Белмезова, Прленда 2, Петровска, Стојановска 3, Трпковска 3, Георгиевска, Николовска, Митова 1, Бојаџиска 1, Ладева, Нолевска 6, Велкова, Трајчевска, Џини, Керамитчиева 8, Мишевска 3.