Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > ЖРК Вардар Јуниор во четврток со Куманово
ЖРК Вардар Јуниор во четврток со Куманово

ЖРК Вардар Јуниор во четврток со Куманово

Избраничките на Симе Симовски в четврток во рамки на 10.коло во женската ракометна Суперлигашка конкуренција на домашен терен ќе го пречекаат моментално третопласираниот тим во македонскиот женски ракомет екипата  на Жрк Куманово. Мечот е закажан со почеток во 16-00 часот и истиот ќе се одигра во малата сала на Спортскиот центар Јане Сандански.

Вардарки се на делба на лидерската позиција со тимот од Автокоманда Жрк Металург со по 21 освоен бод во досегашниот дел од шампионатот, но со напомена дека црвено-црните девојки имаат меч помалку. Девојките предводени од селекторот на А-селекцијата на Македонија Симовски оваа сезона имаат успешен старт без пораз тие дома остварија 7 победи од 7 меча, а  двапати беа подобри и од Лондон Е. во Челинџ купот.Следнатга средба за младите вардарки е закажана за викендов со тимот на Овче поле на домашен терен, меч кој најверојатно ќе се одигра на истата локација како и дуелот со кумановските ракометарки утре.