Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вардарки доминираат во составот на младинската ракометна репрезентација за квалификацискиот турнир за ЕП во Словенија
Вардарки доминираат во составот на младинската ракометна репрезентација за квалификацискиот турнир за ЕП во Словенија

Вардарки доминираат во составот на младинската ракометна репрезентација за квалификацискиот турнир за ЕП во Словенија

Во понеделник во С.Р.Ц. Кале младинската ракометна репрезентација ќе го има првиот собир, како подготовка за квалификацискиот турнир кој од 17-19-ти март ќе се одигра во Скопје, за пласман на европското првенство кое оваа година ќе се игра во Словенија. Селекторот Борче Марковски веќе го објави списокот на ракометарки на кои ќе може да смета за претстојните натпревари. Нашата репрезентација е во група со селекциите на Унгарија, Молдавија и Фарски Острови. Првите две пласирани репрезентации ќе обезбедат учество на европското првенство во Словенија, кое ќе се одржи од 26-ти јули до 6-ти август.

Во составот доминираат ракометарките на Вардар, вкупно осум од вториот тим на ЖРК Вардар како и од младинската екипа на Вардар СЦЈС. Тука се Анастасија Николовска, Ива Божиноска, Моника Георгиевска, Леонида Гичевска и Ања Велкова кои играат за екипата која ја предводи Симе Симовски. Потоа голманките Јована Мицевска, Слободанка Кицевска и Сашка Филипоска кои настапуваат за младинките на Вардар СЦЈС кои ги предводи Анжела Платон.