Екипата на ЖРК Вардар останува единствената во Лигата на Шампионите која се уште нема пораз и е со максимален број на освоени бодови. Во саботата беше совладан тимот на Мец (29:23), кои со екипата на ФТЦ се наши најголеми конкуренти за освојување на првото место во групата. После овој триумф, црвено-црните имаат десет бодови, додека Мец и ФТЦ по шест освоени бодови. Воодушевени од играта на Вардарки, официјалната страна на ЕХФ со посебен натпис за нашиот тим.
-Дали мислите дека има некој што може да го запре Вардар за повторен пласман на завршницата на Ф4 турнирот, стоеше на страната на ЕХФ.