Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК ВАРДАР го победи Европскиот шампион Будуќност!
ЖРК ВАРДАР го победи Европскиот шампион Будуќност!

ЖРК ВАРДАР го победи Европскиот шампион Будуќност!

Пред повеќе oд 4.000 гледачи Вардар и Будуќност ги одмерија силите по втор пат оваа сезона. Конечно ЖРК Вардар го победи Будуќност во својот десети меѓусебен дуел. Честитки за нашите девојки, кои ја забележаа третата победа во низа. Натпреварот започна добро за нашиот тим. Лазовиќ започна во добро издание, постигна 2 погодоци, од 2 обиди. По десет минути игра Вардарки имаа предност од 4-3. Лејно влезе во свој препознатлив стил, за 11 минути имаше четири успешни одбрани. На средината на првиот дел се водеше вистинска ”војна” резултатот беше 6-6. Потоа целата сала се крена на нозе, Лејно и фати чист зицер на Драгана Цвијиќ, за нејзина шеста одбрана денеска. Потоа следуваше мал пад на Вардарки, направија неколку технички грешки, Будуќност дојде до прво водство од 6-7. Но, потоа Вардарки се консолидираа, во игра влегоа Кликовац, Човиќ и Ристовска. Ристовска во својот прв обид постигна првецен за изедначување на резултатот. Се до крајот на првиот дел се играше гол за гол. На крајот Вардарки можеа да одат и на полувреме со предност, но Лазовиќ од 9 метри биеше само во стативата за на полувреме да биде нерешен резултатот 11-11.

 Вардарки започнуваат со технички грешки на стартот од вториот дел, Будуќност тоа го казни за +2, потоа Радичевиќ погоди за -1, Лејно влезе во серија повторно фати зицер. Неагу го постигнува само вториот гол денеска во 37 минута, ова Вардарки мора да го искористат, најдобриот играч на Будуќност не е расположен за игра. Радичевиќ влезе во серија трет гол за повторно -1. Неагу промаши празен гол во 40 минута да го доведе својот тим до највисоки +3. Гол на Лазовиќ трет во 41 минута, за повторно еден разлика за гостите. 12 одбрана за Лејно во 42 минута. Ихнева влезе во игра во 42 минута за прв пат на овој дуел, гол Радичевиќ за изедначување во 43 минута. Лоша серија на Вардарки, во 44 минута +2 имаше Будуќност. 45 минута течеше прв гол за Ихнева на денешниот меч. Една интересна парола имаше во СЦ. Јане Сандански која гласеше Лекиќ остани. Се играше 50 минута, но повторно техничка грешка за Вардарки. 53 минута се играш гол за Пенезиќ 21-22. Гол на Дембеле 22-22 55 минута од натпреварот. Лејно 19 одбрана каква серија! Лазовиќ петти гол за водство на 4 минути до крајот. Лекиќ гооол за +2 за Вардар на три минути до крајот. Лазовиќ шести погодок за победааа! Гол на Алтхаус за дефинитивно победа.
Крај на натпреварот ВАРДАР – Будуќност 26-24