Предмалку во конференциската сала во спортскиот центар Јане Сандански се одржа стандардна прес-конференција по повод натпреварот од Лигата на шампиони во женска конкуренција помеѓу црвено-црниот женски колектив и Савехоф од Шведска. На истата тренерот на Вардар Индира Кастратовиќ изјави :
-
Се надевам дека во сабота ќе освоиме два бода. Секако дека го респектираме Савехоф и сметаме дека е квалитетна екипа. Имавме можност да играме со нив и претходните сезони и доволно ги познаваме. Тоа е тим кои имаат силно темпо на игра во текот на сите 60 минути, без поголеми падови. Ние ќе ја играме нашата игра и ќе дадеме максиум од себе. Против Будуќност одигравме слабо и несмееме да си дозволиме нов кикс, изјави Кастратовиќ.
-
Многу важен натпревар за нас во сабота. На последниот меч во Подгорица не покажавме многу и затоа изминатиов период максимално работевме на поправање на грешките. Без оглед на тоа дека Савенхоф нема освоено бодови, тие се скандинавска школа која никогаш не се предава. Секако треба да ја играме нашата игра со добра одбрана и брза полуконтра за лесно постигнување на погодоци. Тие се тим кој играат подеднакво добро цел натпревар и затоа ние треба да сме максимално сконцетрирани. Многу работевме изминативе две недели и се надевам дека тоа ќе го покажеме на терен, изјави Андреа Лекиќ.
На прескоференцијата се обрати и Гордана Нацева кој ги истакна последните промени во клубот. До крајот на сезоната како помошен тренер е назначен Девид Камара, кој ќе работи на оваа функција до крајот на сезоната, откако спогодбено бил раскинат договорот со Јан Питлик. Исто така Нацева ги потврди и најновите две засилувања во имињата на Камила Херем и Лакрабер, со оставање простор за уште некое ново засилување, во зависност од потребите на која позиција недостaсува.