Утре Вардарки во договор со тимот на Овче Поле, натпреварот ќе го одиграат во Скопје, во СЦ „Јане Сандански” со почеток во 19,45. Ова ќе биде втор натпревар на Вардар во новата сезона, и оваа натпреварувачка сезона Вардар е апсолутен фаворит за освoјување на нова титула. Во првото коло на домашен терен бевме подобри од тимот на Гевгелија.
Покрај овој натпревар, Вардарки оваа седмица ќе одиграат уште два натпревари, еден во Лигата на шамионите и уште еден во домашниот шампионат.
Распоред за следните три натпревари:
3 октомври: Вардар – Овче Поле (19,45, голема сала во СЦ „Јане Сандански”)
6 октомври: Вардар – ФТЦ Будимпешта (19 ч. СЦ „Јане Сандански”)
8 октомври: Вардар – Куманово (14,30 ч. мала сала СЦ „Јане Сандански”)