Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки загубија, но останаа на врвот во својата група

Вардарки загубија, но останаа на врвот во својата група

Во четвртото коло од главната рунда во женска лига на шампиони се одиграа натпревари во нашата група Б. Првиот пораз го забележи екипата на Вардар во дуелот со Будуќност, додека бодови освоија екипите на Астраханачка и ФТЦ Будимпешта.

Вардарки го доживеа првиот пораз оваа сезона во лигата на шампионите. Будуќност беше тимот кој ни го нанесе првиот пораз во Јане Сандански.

ФТЦ Будимпешта стигна до четвртата последователна победа во главната рунда од ЛШ и остана во чекор со нашиот состав за првото место во групата. Вицешампионот на Унгарија се наоѓа во одлична форма и станува еден од претедентите за пласман на завршниот турнир во Будимпешта. После триумфот на гостувањето во Подгорица, оваа екипа беше подобра и од тимот на Мец со резултат 29:23. Тимот од Унгарија имаше константно водство и по првото полувреме имаше солидна предност од 15:10. Сучански постигна 6 гола кај ФТЦ, додека кај Мец се истакнаа Хорачек и Деуна со по 5 голови.

Изненадувачки до прва победа во групата стигна и екипата на Астраханочка со триумфот на домашен терен против Турингер. Ова беше можеби и најдобриот одигран натпревар за Рускиот тим оваа сезона во најголемото ракометно натпреварување. Победата беше најавена уште по првите 30 минути кога Астраханочка имаше воство од 17:12. Интересно најдобриот стрелец на тимот, Сабирова постигна 13 или половина од головите на Астраханочка. Кај Турингер, Енгел беше најдобар стрелец со 8 голови.

ТАБЕЛА!!!

ТАБЕЛА!!!