Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на ЖРК Вардар се вицешампиони на Македонија, 12 гола на Николовска не беа доволни за триумф во дербито со Металург
Младинките на ЖРК Вардар се вицешампиони на Македонија, 12 гола на Николовска не беа доволни за триумф во дербито со Металург

Младинките на ЖРК Вардар се вицешампиони на Македонија, 12 гола на Николовска не беа доволни за триумф во дербито со Металург

Младинките на ракометниот клуб Вардар се вицешампиони на Македонија, откако вчера се одигра последното коло од плејофот во младинската лига. Избраничките на Билјана Пецевска на дербито кое се одигра во спортско рекреативниот центар Кале, беа минимално поразени од екипата на Металург. Конечниот резултат гласеше 25:26.

Се играше еден израмнет натпревар во текот на сите 60 минути и само нијанси го одлучија конечниот победник. Ниту една од двете екипи немаа поголема предност од три гола и се играше гол за гол на двете страни. По првото полувреме Вардарки имаа минимално водство од 14:13. Овој дуел немаше резултатско значење за конечниот исход на табелата. По нерешениот резултат на црвено-црните во дуелот со Ѓорче, Металург теоретски ја обезбеди титулата и ова дерби беше само за престиж.

Анастасија Николовска беше единствената расположена ракометарка во нашиот состав со постигнати 12 гола, без голема помош во нападот од нејзините соиграчи. По три погодоци дадоа Тина Тодоровска, Ива Божиноска и Сашка Филипоска.

Вардар: Костовска, Китановска, Божиноска 3, Николовска 12, Стамова, Стојмановска, Колевска, Мицевска, Карчева, Георгиевска, Станиќевска 1, А.Тодоровска 1, Т.Тодоровска 3, Костадиновска 2, Филипоска 3 и Иванова