По крајот на ЕХФ-неделата во која А-селекцијата одигра бараж за СП, изминатиот викенд во салите ширум земјава се одигра 19.коло во женската Супер лига. Тимовите од врвот на табелата меѓу кои и нашиот Вардар дојдоа до нови победи.
РК Чаир се врати на победите и на домашен терен беше подобар од Ѓорче Петров со 37-25, кај победникот Алексоска Мила и Николовска Марија имаа по 7.гола. Тимот од Прилеп, екипата на Деспина успеа да дојде до бодови во Скопје кај тимот на Шампион со двоцифрена разлика, 18-28. ЖРК Куманово имаше лесна задача, тие во салата „Кочо Рацин“ го совладаа фенерџијата РК Кузман Вардар со високи 18-54, кај лидерот на табелата прв стрелец беше Шарановиќ Ана со неверојатни 16.гола. Стружанка на гостувањето кај тимот на Пелистер во Битола дојде до победа со 25-33, стружанки го анулираа поразот од минатото коло на домашен терен, кај тимот кој дојде до три бода Делиоска Магдалена имаше гол-шоу, на овој меч погоди дури 13.пати.
Оваа пролет навистина одлично игра тимот на РК Спартак Сетекс од Кисела Вода, скопската екипа минатото коло го изненади тимот на Стружанка кој е познат како незгоден противник дома. Ова коло во динамечен натпревар успеа да победи на домашен терен и да покаже дека успехот во претходната рунда не е случаен. Во салата „Круме Кепески“ го совладаа тимот на Гевгелија со 29-26. Кај побединот иако влезе од клупата одличен настап имаше голманот, Станчева Ивана. Успеа да биде двоцифрена (15.одбрани/1.пенал) за само 35-40. минути на паркетот. Прв стрелец беше Гроздановска Ангела со 9.гола.
ЖРК Вардар игра одлично оваа пролет, на шестиот дуел во лигата дојде до нова, 6-та победа оваа пролет. Таков скор има само Куманово и нашиот црвено-црн тим во 2021 година. На натпреварот одигран во салата „Цар Самоил “ домаќинот, Овче Поле СУ отвори со гол, потоа со серија 0-6 ние поведовме со пет плус (1-6), доминиравме и на одмор заминавме со висока предност 9-15. Се беше решено по првите 30.минути, второто полувреме беше формалност.
Голманот, Илиќ Андреа имаше 8.одбрани на оваа средба. Галевска Марија беше прв стрелец кај црвено-црните дами со 7.гола, капитенот Диневска Бојана повторно одигра константно и погоди 6.пати. Трпевска Ивона стрелаше 4.пати колку и Џатевска Ивана. Грујовска Симона допринесе со 2.одбрани во победата. По три пати стрелаа: Фани Ѓорѓиевска и Михаела Стојановска, а по еднаш погодија: Ангела Костовиќ, Бојана Коцева и Миновска Сара.
*Сите дуели се поврзани со записници со еден клик врз резултатот може да погледнете повеќе детали.
Куманово останува лидер на табелата со 17 победи и едно реми она со Вардар. Девојките на Ристова Драгана и Царчев Александар оваа пролет ја започнаа како 4.пласирани, а по ова коло поради тоа што победија, а Металург беше слободен ја завземаа втората позиција на табелата. Другите екипи ги задржаа позициите од минатото кола на првенствената табела.
Поз. | Tим | Н | П | Р | И | Б |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | ЖРК Куманово | 18 | 17 | 1 | 0 | 52 |
2 | ЖРК Вардар | 18 | 15 | 1 | 2 | 46 |
3 | ЖРК Металург | 17 | 15 | 0 | 2 | 45 |
4 | ЖРК Чаир | 18 | 13 | 0 | 5 | 39 |
5 | РК Деспина | 18 | 12 | 0 | 6 | 36 |
6 | ЖРК Стружанка | 17 | 10 | 1 | 6 | 31 |
7 | РК Спартак | 18 | 9 | 0 | 9 | 27 |
8 | ЖРК Гевгелија | 17 | 6 | 1 | 10 | 19 |
9 | ЖРК Овче Поле СУ | 18 | 5 | 0 | 13 | 15 |
10 | РК Шампион | 17 | 4 | 0 | 13 | 12 |
11 | ЖРК Пелистер 2012 | 18 | 3 | 1 | 14 | 10 |
12 | Ѓорче Петров – ЖРК | 17 | 1 | 1 | 15 | 4 |
13 | РК Кузман Вардар | 17 | 1 | 0 | 16 | 3 |
Идното 2о.коло се игра оваа недела, вардарки играат во среда со РК Шампион во Јане Сандански. Дербито се игра во Куманово каде лидерот го пречекува тимот на Металург што ни е шанса плус да се одлепиме пред сино белите. Ова се паровите за следната рунда.