Friday ,10 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вардар СЦЈС во недела домаќин на Прилеп во меч во кој ќе одиме на третта последователна победа и задржување на врвот од табелата
Вардар СЦЈС во недела домаќин на Прилеп во меч во кој ќе одиме на третта последователна победа и задржување на врвот од табелата

Вардар СЦЈС во недела домаќин на Прилеп во меч во кој ќе одиме на третта последователна победа и задржување на врвот од табелата

Покрај настапите на поголем дел од девојките на втората женска вардарова екипа ЖРК Вардар СЦЈС за Македонската селекција на пријателскиот двомеч со селекцијата на Црна Гора тие во недела ќе играат меч од домашниот шампионат. На програмата викендов е четвртото коло од женската Супер лига.

Избраничките на Симе Симовски по враќањето од Црна Гора веднаш се подготвуваат да ја пречекаат екипата на ЖРК Прилеп која доаѓа од истоимениот град. Ние по несреќниот пораз во првото коло во гости на дербито во Автокомада со дирекниот конкурент ЖРК Металург сме во серија од две победи која ќе се обидеме да ја продолжиме во недела. На табелата сме првопласирани со шест бода колку што имаат сино-белите од Автокоманда со меч помалку. Нашиот противник Прилеп одигра досега два дуела и во двата беше поразен. Мечот во недела ќе се игра со почеток во 12-00 часот во малата сала во Спортскиот центар  „Јане Сандански”, за овој дуел влезот е слободен. Во следното коло кое е закажано за на 15/10/2016 во сабота гостуваме во Битола кај екипата на ЖРК Пелистер.