Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Гичевска повторно најефикасна, но младинската ракометна репрезентација загуби минимално од Литванија
Гичевска повторно најефикасна, но младинската ракометна репрезентација загуби минимално од Литванија

Гичевска повторно најефикасна, но младинската ракометна репрезентација загуби минимално од Литванија

Младинската ракометна репрезентација го загуби и вториот натпревар на квалификацискиот турнир за пласман на Светското првенство. Минимален пораз од Литванија, за крај на надежите дека можеме да се пласираме на мундијалот во Унгарија.

Има за што да жалиме на овој дуел, со оглед дека имавме и пет голови предност во текот на првото полувреме, но не издржавме до крајот. По истекот на првите 30 минути, резултатот беше 14:10 во корист на Македонија. Во вториот дел потфрливме во својата игра, набрзина противникот ја стопи нашата предност, а потоа направи и целосен резултатски пресврт. Можеби една од причините за поразот, беше поставениот фластер на Литванија, за најдобриот играч на Македонија, тоа е Леонида Гичевска која настапува за Вардар Јуниор. На крајот сепак триумф за Литванија од 27:26, иако можевме и заслуживме барем најмалку бод овој натпревар.

Леонида Гичевска постигна 6 голови, додека нејзината соиграчка од Вардар Јуниор, Милица Николиќ беше стрелец на еден погодок. Во текот на денешниот последен ден на овој квалификациски турнир, се среќаваме со селекијата на Германија.