Wednesday ,17 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ВИДЕО) Атрактивната асистенција на Коларовска до Миновска најпотег на мечот со Стружанка, видео-извештај и од овој дуел
(ВИДЕО) Атрактивната асистенција на Коларовска до Миновска најпотег на мечот со Стружанка, видео-извештај и од овој дуел

(ВИДЕО) Атрактивната асистенција на Коларовска до Миновска најпотег на мечот со Стружанка, видео-извештај и од овој дуел

Попладнево, Вардар беше домаќин на  екипата на ЖРК Стружанка во дуел кој е последна контрола за двата тима пред нивиот полуфинален меч во четврток. Истите екипки ќе  се сретнуваат во 1/2-финалето од Купот.  Симовски тактички сокри неколку адути, по негативата во првиот дел, во вториот период ја прикажавме целата лепеза на црвено-црната моќ. Победата дојде со резултат 24-19.

И од оваа средба во соработка со  “Sport.Video Macedonia ви овозможуваме видео извештај. На нивната страница покрај овој дуел може да најдете уште три меча на ЖРК Вардар.  Ана Марија Коларовска по пожртвуван пад асистираше на прекрасен начин од речиси лежечка позиција до Сара Миновска, која беше непогрешлива. Најубавиот потег според медија тимот на Спорт.видео Македонија од овој дуел погледнете го на следниот ЛИНК!

*Видеото од целиот дуел со сите интересни моменти, голови одбрани погледнете го овде!