Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Куманово дојде до победа на пријателскиот меч со Вардар
ЖРК Куманово дојде до победа на пријателскиот меч со Вардар

ЖРК Куманово дојде до победа на пријателскиот меч со Вардар

Вчера, ЖРК Куманово и избраничките на Драгана Ристова и Александар Царчев го одиграа вториот меѓусебен контролен дуел. Вардар гостуваше во Куманово,  во дуел со две различни полувремиња беше поразен со резултат 36-26.

Првиот дел беше далеку подобар за црвено-црните девојки, ние имавме иницијатива и водство на почетокот. Се до 20.минута постојано бевме на два до три гола предност пред домаќинот, по неколку судиски грешки  на наша штета, противникот  успеа да дојде до реми.

0

Во финишот на првиот дел тие успеа да се одлепат на плус четири, заминавме на одмор со негатива од 17-13.  Во вториот период се обидовме да стигнеме, но не успеавме, повозрасниот ривал ги искористи своите прилики и дојде до победа со двоцифрена предност (36-26).

Кај нас прв стрелец беше расположената Ивона Трпевска, таа погоди седум пати од девет обида. Ивана Џатевска постигна четири гола, сите во вториот дел со 100% ефикасност на ударите, исти број на погодоци имаа  уште две девојки,  Сара Миновска и Михаела Стојановска. Марија Галевска беше успешна во два наврата.

Голманите успеаа да сопрат 15.топки на оваа средба во гости,  Андра Илиќ одбрани 6 пати, Трајкоска Јована фати 5 удара, а Симона Грујовска впиша 4 одбрани на оваа средба.